Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Хари пристигна во Лондон, кралот Чарлс за првпат снимен откако му беше дијагностициран рак

Магазин

Принцот Хари пристигна во Лондон, кралот Чарлс за првпат снимен откако му беше дијагностициран рак

Принцот Хари пристигна во Лондон за да биде покрај кралот Чарлс само неколку часа откако Бакингемската палата објави дека на неговиот татко му бил дијагностициран рак.

Војводата од Сасекс отпатува до лондскиот аеродром Хитроу од Лос Анџелес без сопругата Меган Маркл и нивните две деца принцот Арчи и принцезата Лилибет.

39-годишниот принц беше снимен во автомобил со кој беше превезен до резиденцијата на кралот во Лондон. Хари поминал само 45 минути со својот татко во Кларенс Хаус пред кралот Чарлс и неговата сопруга кралицата Камила да заминат за Сандрингам.

Кралот беше снимен за прв пат по неговата шокантна дијагноза на рак, додека се упатуваше кон неговата резиденција во Сандрингам. Чарлс е виден насмеан на фотографиите, поздравувајќи ги присутните.

Во соопштението објавено во понеделникот вечерта, палатата потврди дека ракот на кралот бил откриен кога тој бил подложен на корективна процедура за зголемена простата во лондонската клиника на 26 јануари.

„За време на неодамнешната болничка процедура на кралот за бенигно зголемување на простатата, беше забележандруг проблем. Подоцнежните дијагностички тестови идентификуваа форма на рак“, се вели во соопштението.

Од палатата велат дека ракот не е поврзан со неодамнешниот третман на кралот за бенигна состојба на простата. Не е наведено каква форма на рак има 75-годишниот монарх, но според соопштението на палатата, кралот започнал со „редовни третмани“.

Бакингемската палата вели дека кралот „останува целосно позитивен во однос на својот третман и со нетрпение очекува што е можно поскоро целосно да ѝ се врати на јавната должност“.

Тој ќе ги одложи јавните ангажмани и се очекува други високи членови на кралското семејство да го заменат за време на неговото лекување.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.