Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Хари пристигнува во Велика Британија: Кралот Чарлс е премногу „зафатен“ за да се сретне со синот

Магазин

Принцот Хари пристигнува во Велика Британија: Кралот Чарлс е премногу „зафатен“ за да се сретне со синот

Принцот Хари за неколку дена пристигнува во Лондон, но се чини дека нема да се сретне со својот татко, кралот Чарлс. Веројатноста за подолга средба, пишуваат британските медиуми, е многу мала бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично пополнет.

Вчера беше потврдено дека Хари за неколку дена ќе отпатува за Лондон за да присуствува на церемонијата по повод 10-годишнината од меѓународниот спортски настан игрите „Invictus“ (Invictus Games). Тој ќе биде на богослужбата на благодарноста во лондонската катедрала Св. Павле во среда, 8 мај, каде се очекува да одржи говор.

Како што најавија организаторите на настанот, пристигнувањето на принцот Хари на десетгодишнината од игрите Invictus „ќе одбележи една деценија во текот на која спортот се промени и им ги спаси животите на многумина“, објави Ројтерс.

Британскиот таблоид Телеграф пишува дека кралот најверојатно нема да го прими принцот бидејќи неговото доаѓање во Англија се совпаѓа со враќањето на кралот на јавните должности, а извори велат дека тој е многу зафатен. Имено, на денот кога Хари ќе дојде во Лондон, Чарлс има средба со премиерот.

Не се очекува Хари да се сретне ни со својот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт, која моментално се лекува од рак. Двајцата браќа имаат нарушен однос кој трае веќе неколку години, иако Хари и Меган јавно и испратија најдобри желби на Кејт кога таа ја објави веста за нејзината болест.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.