Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Хари во Непал се дружел со бездомници и глумел тигар

Занимливости

Принцот Хари во Непал се дружел со бездомници и глумел тигар

Со цел да ги провери камерите кои ги снимаат тигрите во националниот парк „Бардиа“ во Непал, принцот Хари (31) се спуштил на земја и почнал споро да се движи имитирајќи ја мачката. 

– Мислам дека многу луѓе би се загрижиле кога би ме виделе ваков, не сум толку добар како тигар, рекол Хари низ смеа, кој е во петдневна посета на Непал.

Вработените во националниот парк ги испрашувал за тигрите и другите заштитени животни.

Хари е многу активен во заштита на природата и животните, а воодушевен е од нивото на заштита во Непал.

– Му докажувате на целиот свет дека луѓето и животните можат да живеат заедно, рече Хари, кој до пред десет години и сам уживаше во ловот на диви животни во Африка и убиваше бизони, а денес е голем борец против ловот.

Подоцна ги посети населбите во кои живеат бездомници кои останаа без домови по минатогодишниот катрастрофален земјотрес.

Низ населбите го прошетал 15-годишниот Пурушотам Суваи.

Принцот истакнал дека едвај чека да ги поздрави гурките, кои се непалски војници.

Со нив Хари работеше во мировната мисија во Авганситан.

– Тие се најголемите амбасадори во Непал. Познати се по својата храброст, но и љубезност, изјави принцот Хари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.