Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Хари за средбата со кралицата Елизабета: „Беше прекрасно да ја видам“

Магазин

Принцот Хари за средбата со кралицата Елизабета: „Беше прекрасно да ја видам“

Принцот Хари (37) и неговата сопруга Меган Маркл (40) првпат по повеќе од две години тајно ја посетија кралицата Елизабета Втора (95), а сега се познати некои детали од средбата.

Имено, принцот Хари го нарушил молкот за тајна средба со кралицата, а странски извори пишуваат дека принцот и Меган сега се поканети да се појават на балконот на Бакингемската палата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Сепак, војводата и војвотката нема да имаат формална улога во прославата на јубилејот, но од нив се очекува да присуствуваат на други официјални настани.

По средбата со кралицата, принцот Хари рече:

-Беше прекрасно да ја видам – изјави тој.

Странски извори тврдат дека кралицата, се разбира, уживала во друштво на својот внук.

-Тој отсекогаш имал способност да ја насмее, и тоа ѝ се допаѓа кај него. Кога и да слушне дека Хари е на телефон, очите и светнуваат – јавува извор од Палатата.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.