Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот и принцезата од Велс им честитаа на британските олимпијци за успехот

Магазин

Принцот и принцезата од Велс им честитаа на британските олимпијци за успехот

Тимот на Велика Британија освои вкупно 65 медали на овогодинешните Олимписки игри, од кои 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени. За големиот успех им честитаа бројни ѕвезди, меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, која веќе извесно време се бори со ракот.

„Од сите што гледаме од дома – честитки до тимовите на Велика Британија“, рече принцезата во видеото објавено на нивниот официјален Инстаграм, а принцот додаде: „Браво за сè што постигнавте, вие сте голема инспирација за сите нас“.

Додека нејзиното изненадно појавување ги воодушеви кралските фанови, новата брада на Вилијам го украде шоуто.

Покрај нив, во видеото се појавија раперот Снуп Дог, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, водителката Ема Вилис, спринтерот Мајкл Џонсон и многу други.

„Браво Тим ВБ, какво неверојатно патување. Секој спортист покажа огромна посветеност, срце и страст. Сите нè направивте горди“, пишува на видеото.

Ниту Вилијам ниту Кејт не беа присутни на годинашните Олимписки игри во Париз.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.