Занимливости
Принцот Џорџ во пижами го дочека Обама (ФОТО)
Британскиот принц Џорџ синоќа остана буден до доцна за да ги запознае американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, кои беа на вечера во Кенсингтон палатата.
Домаќини на вечерата беа принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, а на вечерата присуствувал и принцот Хари.
Двегодишниот принц Џорџ ги дочека гостите во пижами и бела наметка, учтиво се ракуваше со претседателот на САД, а потоа седна на дрвеното коњче, кое му го подарија тој и Мишел пред една година, за да им покаже колку му се допаѓа.
Обама и Мишел, како што објавија британските медиуми, биле воодушевени кога виделе дека Џорџ си игра си играчката, која тие му ја подариле како подарок за раѓањето на неговата сестричка Шарлот.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.