Магазин
Принцот Вилијам и Кејт го честитаа Божиќ со преслатка фотографија од нивните деца
Принцот Вилијам и неговата сопруга принцезата Кејт го честитаа Божиќ со нови фотографии од нивните деца, принцот Луис, принцезата Шарлот и принцот Џорџ.
На новата црно-бела фотографија се гледаат трите деца како седат на клупа, се гушкаат и се со насмевки на лицата. Сите се облечени во бели кошули и панталони.
– На сите им посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето – стои во објавата на социјалните мрежи.
Во коментарите имаше честитки до нив, а сите ja пофалија фотографијата дека е многу слатка и дека децата се прекрасни.
Кралското семејство го поминува Божиќ во Сандрингем Хаус во Норфолк. Кралот и кралицата присуствуваа на божиќната црковна служба во Сандрингем заедно со принцот и принцезата од Велс.