Магазин
Принцот Вилијам ја посети Кејт во болница откако таа беше оперирана
Принцот Вилијам ја посети својата сопруга Кејт Мидлтон, која се наоѓа во болница каде се опоравува од операција на абдоменот.
Тој бил снимен како со својот автомобил ја напушта клиниката во Лондон, придружуван од телохранители, но нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис не биле со него.
Кејт помина втора ноќ во приватно одделение по планираната операција на абдоменот, а Кенсингтонската палата објави соопштение во кое објасни дека Кејт добро закрепнува по процедурата.
Веста дека Кејт е во болница брзо се рашири низ светот, а многумина ги загрижи фактот што таа ќе помине 10 до 14 дена во болница и дека ги откажала сите обврски и нема да се појави во јавноста до Велигден. Да потсетиме, неодамна беше објавена веста дека кралот Чарлс следната недела оди во болница на лекување на зголемена простата и воедно ги одложил сите обврски.