Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Вилијам се врати на своитe должности и за првпат се огласи по дијагнозата на неговиот татко

Магазин

Принцот Вилијам се врати на своитe должности и за првпат се огласи по дијагнозата на неговиот татко

Британскиот принц Вилијам се врати на своите обврски по операцијата на сопругата Кејт  и веста дека кралот Чарлс има рак. Неговиот помлад брат Хари се врати во Калифорнија откако го посети својот татко.

Вилијам ги одложи планираните ангажмани да се грижи за сопругата и своите деца, откако принцезата Кејт на 16 јануари беше оперирана и помина две недели закрепнувајќи во болница. Неговиот татко, кралот Чарлс, беше лекуван во истата болница поради зголемена простата пред Бакингемската палата да објави дека дополнителни тестови откриле дека има рак.

Вилијам сега и официјално се појави во јавноста за првпат откако кралското семејство има здравствени проблеми. Тој учествуваше на церемонијата на државните почести во замокот Виндзор, а подоцна присуствуваше и на хуманитарна гала вечера.

Тој вчера пристигна на гала вечера за поддршка на лондонската организација „Air Ambulance Charity“, чиј покровител е тој, а одговори и на новинарско прашање за здравјето на Чарлс.

Принцот Вилијам накратко и се заблагодари на јавноста за поддршката, велејќи дека „навистина ги цени сите што се толку љубезни“.

Бидејќи кралот ги одложува јавните обврски поради лекување, а Кејт нема да се врати на своите обврски барем до Велигден, товарот ќе падне на преостанатите членови на кралското семејство, особено на Вилијам и сопругата на Чарлс,  кралицата Камила.

И покрај дијагнозата, Чарлс има намера да продолжи со голем дел од своите кралски должности приватно. Секоја среда ќе разговара со премиерот Риши Сунак по телефон, потврди портпаролот на премиерот.

Бакингемската палата не откри детали за здравствената состојба на Чарлс, освен што кажа дека не станува збор за рак на простата. Од палата исто така изјавија дека кралот сè уште е „целосно позитивен“ и дека со нетрпение очекува да се врати на јавните должности што е можно поскоро.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.