Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцовите Вилијам и Хари со улоги во осмиот дел од „Војна на ѕвездите“

Занимливости

Принцовите Вилијам и Хари со улоги во осмиот дел од „Војна на ѕвездите“

Британските принцови Вилијам и Хари најверојатно ќе ги видиме во осмиот филм од сагата „Војна на ѕвездите”, иако овие наводи се уште не се официјално потврдени ниту од кралското семејство, ниту од продуцентите на филмот.

Имено, двајцата благородници биле забележани на местото на снимањето, во костими карактеристични за таа франшиза, но не е сигурно дали сцените со нив ќе останат во склоп на крајната верзија на филмот, што инаку ќе се појави во кината претстојниов декември.

Светот за тоа дозна откако Џон Бојега, ѕвездата на последниот, седми филм од култниот серијал, даде интервју за Би-Би-Си.

– Преку глава ми е со тајни за принцот Вилијам. Тие беа на снимањето. Том Харди исто така, изјави Бојега.

Глумецот, којшто ќе ја репризира својата улога и во новото продолжение „Последниот џедај”, откри и други подробности…

– Режисерот дојде и им рече дека е време „да ги облечат”, вели натаму Бојега.

Принцот Вилијам инаку е претседател на Британската академија за филмски и телевизиски уметности.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.