Ви препорачуваме
Приватниот остров Вирџинија Кеј е на продажба за 400.000 фунти
Ако сте богати и сакате да ја напуштите работата, да ги спакувате куферите и да се преселите на остров од соништата, сега тоа можете да го направите, но ако имате 400.000 фунти.
Токму тоа е цената која мора да ја плати идниот сопственик на приватниот остров Вирџинија Кеј. Го продава Британката Волоу Рид, а за него на еBay бара 400.000 фунти.
На островот се наоѓа мала куќа, како и пристаниште за чамец. Исто така има и корален гребен.
Времето е совршено, бидејќи летото трае во текот на целата година.
Исто така, приватноста е на високо ниво, бидејќи островот нуди бегство од цивилизацијата. Сепак, постои можност за претворање на островот во туристичко одмаралиште ако новиот сопственик сака да заработи пари.
Вилоу островот го купила во 2012 година за 150.000 фунти, а на Белизе дошла по смртта на мајка и. Буквално се вљубила во Белизе и пронашла остров кој тогаш се продавал. Го купила и вложила многу време и пари да го направи шеталиште, го осветлила, поставила буриња со вода и слично.
Меѓутоа, цената од 400.000 би можела да се зголеми бидејќи аукцијата завршува на 4 февруари