Магазин
Прочистете го вашиот организам од токсини
На телото повремено му е неопходен одмор од масна и зачинета храна и прочистување, а тоа најлесно се постигнува со овошје, зеленчук, супи…
За брза детоксикација, основна понуда на Вашето мени, треба да бидат – цедените и „смути“ соковите, за ручек – супа, а вечерата да биде протеинска. Стручните лица за појадок предлагаат „смути“ од краставица, крушка, спанаќ, лимон и ѓумбир, а за ручек – супа од кромид, морков, компир и сок од домат.
Протеинската вечера може да се состои од варен ослич со зеленчук приготвен на пареа. Доколку сакате диетава да трае подолго, секако, може и да ги менувате намирниците, но принципот е тој – три оброци дневно.
За да ги почувствувате резултатите, доволно е да ги следите овие правила не повеќе од три дена.