Занимливости
Продавачка во Шпанија добила отказ поради вистината за Дедо Мраз
Продавачка од Шпанија доби отказ од работа, оти на едно дете му ја открила „тајната за Дедо Мраз“.
Жената поднела жалба на одлуката, но Судот во Тенерифе ја отфрлил со образложение дека отказот бил оправдан.
Продавачката работела во оддел за накит и часовници, кога на едно девојче и нејзиниот татко им рекла да одат во друга продавница, за мајката да одбере божиќен подарок за ќеркичката.
Девојчето било вџашено од сознанието дека божиќните подароци не ги носи Дедо Мраз, туку ги купуваат нејзините родители, кои и самите останале изненадени од зборовите на продавачката, стои во пресудата.
Во образложението се посочува дека и пред тој „инцидент“, продавачката неколкупати се однесувала „непримерено во однос на својата професија“.