Магазин
Професии коишто лошо влијаат на нашето здравје
Некои професии го уништуваат физичкото или психичкото здравје, а дури 26 отсто работно активните во стресните занимања бараат помош од лекар, покажува истражување на Универзитетот на Јужна Калифорнија.
На прво место во таа смисла, се респираторните болести. Тие најчесто се јавуваат кај градежниците, а пак, најчесто заболување е азбестозата – прогресивна болест што настанува по вдишување азбестна прашина или азбестни влакана, се посочува во студијата.
Артритис на стапалата, којшто е резултат од предолго стоење, најмногу ги погодува воспитувачите и професорите, додека пак, пореметување на спиењето предизвикува работата во смени.
Промените во ритамот на спиење натаму повлекува и недостиг на енергија, зачестени главоболки, отежната концентрација и променливо расположение. Вака влошена психофизичка состојба може да резултира со расеаност, па и несреќи на работното место.
Депресијата е речиси неизбежен исход за оние кои работат прекувремено, подолго од 11 часа. Кај нив ризикот од напад на депресија, е двојно поголем.
На депресија се подложни и лицата што заработуваат грижејќи се за други луѓе, како што се куќните негуватели. Речиси 11 отсто нив имале потешка форма на депресија поради немоќта да му се помогне на болното лице.