Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Промовиран новиот густ јогурт на Бимилк!

Магазин

Промовиран новиот густ јогурт на Бимилк!

Традиционалниот македонски јогурт од денес е уште погуст!

Новиот Битолски густ јогурт е оригинален спој на традиционалниот вкус на Битолски јогурт, млеко со врвен квалитет и домашна рецептура со која се постигнува зголемената густина.

Битолскиот густ јогурт има исклучителна крем-структура и интензивен вкус кој ќе ги израдува сите гурмани и хедонисти. Зголемената густина овозможува интензивно уживање и дава чувство на ситост и исполнетост.

Одличен е во комбинација со традиционалните печива, пити, но и со разни други видови храна со кои се надополнува.

„Битолскиот густ јогурт е оригинален спој на традиционален вкус, домашна рецептура и умешност на нашите врвни технолози. Уште со првата голтка можете да ја почувствувате неговата нова интензивна густина во комбинација со препознатливиот вкус на Битолскиот јогурт. Новиот јогурт на Бимилк е здрава, многу хранлива и квалитетна ужина во комбинација со вашата омилена храна. Сигурни сме дека Битолскиот густ јогурт ќе стане неизоставен дел од секоја трпеза“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер на Млекара АД Битола.

Новиот Битолски густ јогурт доаѓа во ново практично ПЕТ-пакување од 1,5 кг, 1 кг, 500 г, 250 г за употреба во различни пригоди, а ПЕТ-пакувањето овозможува јогуртот да ја задржи својата свежина и неколку денови по неговото отворање.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.