Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пронајден најстариот „жител“ на Европа

Занимливости

Пронајден најстариот „жител“ на Европа

Дрво од видот „Босански бор“ (Pinus heldreichii) кое се наоѓа на планината Пинд во северна Грција, е прогласено за најстариот организам на европскиот континент, за којшто научниците имаат сознание, објави порталот „Дејли Сајанс“. 

Дрвото е наречено „Адонис“, по древнохеленсиот бог на убавината и страста. Неговата старост се проценува на 1.075 години, тврдат начници од шведскиот Стокхолмски универзитет, германскиот Универзитет на Мајнц и Универзитетот на Аризона од САД.

– 3ачудувачки е како еден олку голем, комплексен и импресивен организам преживеал во не така поволна и пријателска средина, населена од човекот веќе 3.000 години. Дрвото има пречник од еден метар и годовите кажуваат дека тоа е 1.075 години старо – истакна дендрохронологот Пол Крусик, водач на научната експедиција.

Според овие наоди, дрвото ја надживеало и Византија и Отоманското Царство. Ги преживеало климатските услови, нивните промени, потоа – Балканските војни, Првата и Втората светска војна и многу други неприлики пред и потоа, кои се случиле во овие области.

Научниците се надеваат дека тоа, но и другите дрвја од тој вид, од коишто некои и паднале во својата старост, но се уште не се распаднале, ќе обезбедат научни информации за историја на илјадагодишните климатски и околносни физички промени.

„Босанскиот бор“ е вид кој расте на Балканот и во јужните предели на Апенинскиот Полуостров.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.