Занимливости
Пронајдени ретки отисоци од диносауруси
Десетина ретки отисоци од диносауруси направени пред 170 милиони години се пронајдени на шкотскиот остров Скај.
– Колку повеќе го пребаруваме островот Скај, толку повеќе отисоци пронаоѓаме, изјави Стив Брусејт од Геолошкиот универзитет во Единбург.
Пронајдените отисоци им припаѓаат на сауроподите и тераподите од средината на периодот Јура. На овој локалитет се пронајдени два вида на диносауруси – долговратиот бронтосаурус и ти-рекс.
Откритието е исклучително значајно, бидејќи претставува еден од ретките доказни материјали од овој период, од кој се пронајдени само неколку фосилни локалитети.