Магазин
Пронајдено езеро под море, кој тука ќе нурне, повеќе не се враќа (ВИДЕО)
Во Мексиканскиот Залив, длабоко под површината на морето, се крие едно необично езеро. Секој, кој ќе се обиде да влезе во него неизмерно ќе страда, изјави професорот Ерик Кордс од Универзитетот Темпл.
Кордс е еден од научниците, кои го истражувале споменатиот басен, кој во научното списание „Океанографија“ уште се нарекува „џакузи на очајот“.
– Ова езеро претставува една од најневеројатните работи кои можеме да ги пронајдеме во длабоко море. Ако тргнете кон дното на океанот и гледате во езерото или реката која тече, целата сцена изгледа како да е од друг свет, вели Кордс.
Водата во ова необично морско езеро е околу пет пати посолена од водата, која го опкружува. Освен тоа, содржи голема концентрација на метан и водород сулфид, кој го спречува неговото мешање со водата околу околното море.
За животните и луѓето, кои се влезат или ќе се нурнат во него, токсичната концентрација на елементи најверојано е смртоносна. Во такви услови можат да преживеат само бактериски форми на живот, црви и шкампи.
За научниците ова езеро е како „детско игралиште“, во кое можат да истражуваат како одредени организми можат да преживеат во толку екстремни услови.