Занимливости
РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Дегустирајте ги новите чоколади „Милка“
Компанијата „Монделез“, која ги произведува чоколадите „Милка“, бара професионален дегустатор на чоколади.
Работните обврски, според огласот, е да се пробува од чоколадите и да се даваат професионални оценки за вкусот. Работното време трае 7,5 часови дневно, три дена во седмицата. Нововработениот ќе има и 11 колеги соработници.
– Кандидатите мора да бидат страствени љубители на слатки и да имаат истенчен вкус. Дегустаторот ќе ја има клучната улога во намерата на компанијата да создаде нов производ кој ќе се пласира на светскиот пазар, пишува во огласот.
Работно искуство не е потребно.