Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Речиси една милијарда туристи патувале во светот до септември 2016

Магазин

Речиси една милијарда туристи патувале во светот до септември 2016

Туристичките дестинации ширум светот од јануари до крајот на септември оваа година ги посетиле 956 милиони странски гости, што е за 34 милони луѓе или за четири отсто повеќе, отколку во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Светскиот туристички барометар на Светската туристичка организација (UNWTO).

Побарувачката на светскиот туристички пазар останала силна во првите девет месеци од 2016 година, иако расте со нешто поумерено темпо.

По силната почетна година, растот се намалил во второто тримесечие, за повторно да се зголеми во третиот кварт од оваа година. Некои дестинации објавуваат охрабрувачки резултати, додека други и натаму се борат со последиците од негативните случувања, во нивната земја или во целиот регион.

– Туризмот е еден од најотпорните и најбрзо растечките стопански сектори, но исто така е мошне чувствителен на ризик, како на реалните, така и на перцепираните. Поради тоа секторот мора да продолжи да работи заедно со владите и заинтересираните страни со цел да се намалат ризиците, ефикасно да се реагира и да се изгради доверба меѓу патниците, изјави генералниот секретар на UNWTO, Талеб Рифај.

– Нема дестинација која е имун на ризик. Потребно е да се зголеми соработката во решавање на глобалните закани, оние кои се однесуваат на безбедноста и заштитата. Потребно е туризмот да стане составен дел на планирањето во случаи на итни интервенции, предупреди Рифај.

Кога станува збор за регионалните туристички показатели, најголем раст забележа Азиско-пацифичкиот регион, каде бројот на пристигнувањето странски туристи се зголемил за девет отсто до крајот на септември. Голем број дестинации од тој регион соопштија дека растот бил двоцифрен, а најголем раст пријавиле Република Кореја (34 проценти), Виетнам (36 отсто), Јапонија (24 отсто) и Шри Ланка (15 проценти).

Во Европа посетите на меѓународните туристи се зголемени за два отсто во период од јануари до септември, со солиден раст во повеќе дестинации.

Сепак двоцифрениот раст на водечките дестинации како Шпанија, Унгарија, Португалија и Ирска се неутрализирани со слабите реазултати во Франција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.