Магазин
Редици во Лондон да се купи крофна-бургер
Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондончани и извесен период имаше долги редици пред угостителскиот објект „Максвелс бар и грил“ за да се купи овој производ.
Менаџерот на овој бар во Лондон, Ентони Најт, наведува дека за да го усовршат рецептот им биле потребни четири недели во кој оствариле лош комерцијален успех.
– Во тој период направивме само околку 400 крофна-бургери. Но потоа за првата седмица продадовме над 1.300 парчиња. А викендот луѓето буквално чекаа надвор во редици за да го пробаат нашиот бургер, истакна Најт.
Крофна-бургерот се прави на тој начин што во тесто за крофни се ставаат кашкавал, плескавица, кисели краставички, сос и сланина, потоа тоа се затвора како крофна и се пржи во жешко масло. Откако ќе се извади во него се вбризгува кечап, а потоа се попрскува со шеќер во прав.
Цената на една порција, која вклучува и помфрит, чини 17 евра.
Според клиентите овој вид на брза храна е многу вкусен, бидејќи претставува совршен спој на различни текстури.