Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ресторан во Лондон го забрани користењето телефон во текот на јадењето

Занимливости

Ресторан во Лондон го забрани користењето телефон во текот на јадењето

Во лондонскиот ресторан „Tea Teras“ мобилните телефони можете да ги ставите во мала кутија на маса, што се чува под клуч, а комбинацијата за отклучување не ја знае никој, освен персоналот.

Во денешно време, во било која ситуација, речиси е невозможно да се сретнат луѓе кои не гледат во мобилните телефони. Многумина мислат дека користењето телефон треба да се ограничи барем за време на ручекот или вечерата, но тоа обично останува само како идеа.

Еден ресторан во Англија, сепак, одлучи да мине од зборови на дела, па доколку сакате токму таму да ручате, ќе морате да заборавите на користењето на мобилните телефони.

Кутијата во која сте го оставиле телефонот нема да се отвори ни за потребно сликање на храната и ставање на Инстаграм.

– Едноставно сакаме да ги вратиме добрите стари разговори за време на ручекот, образложи директорот на ресторанот, Роуен Сили.

Тој додава дека често пати имаат гости, особено семејства со деца кои меѓусебно не разговараат, затоа што нивните деца повеќе се со паметните телефони.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.