Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово прогласен за најдобар ресторан во светот
Објавено на
Ресторанот на тетовецот Рене Реџепи во Копенхаген е прогласен за најдобар на светот по петти пат. „Нома“ ја освојуваше оваа престижна награда и во 2010, 2011, 2012 и 2014 година.
Ресторанот на четириесет и тригодишниот Рене Реџепи се најде на првото место меѓу 50-те најдобри ресторани во светот на настанот кој се одржа во Антверпен. Овој долгоочекуван кулинарски настан е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана.
-Чувството е неверојатно, без разлика на рекордот. Во овие пандемиски времиња имавме подеми и падови, главно падови и она што ме мотивираше да продолжам е ова проширено семејство на луѓе во кои имам голема доверба – изјави 43-годишниот Реџепи, кој е роден во Копенхаген, а потекнува од тетовското село Џепчиште.
Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...
Поврзани теми:glavna, копенхаген, награда, најдобар, нома, рене реџепи, ресторан, тетово