Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Рок легендата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од мост

Магазин

Рок легендата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од мост

Рок иконата Џон Бон Џови убедил непозната жена да не скока од мост додека снимал музичко видео во Нешвил.

Музичарот успеал да ја наговори неименуваната жена да се врати назад преку оградата на пешачкиот мост Џон Сејгенталер.

Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека пејачот снимал музичко видео на шеталиштето.

На видеото, објавено од локалната полиција, се гледа како Џон и приоѓа на жената со член на неговата придружба.

Потоа се наведнал над оградата пред да и пријде на жената и херојски да ја подигне преку оградата и да ја прегрне.

Полицијата потоа реагирала, а началникот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк, ја поздрави акцијата на ѕвездата, велејќи:

– Сите треба да си помагаме да бидеме безбедни, пренесува DailyMail.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.