Магазин
Роналдо и Георгина објавија дека им починал новородениот син
Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез споделија тажна вест на своите Инстаграм профили. Имено, нивниот новороден син починал.
-Со најдлабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа- пишува на почетокот на објавата.
-Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна експертска грижа и поддршка. Сите сме скршени од оваа загуба и љубезно замолуваме за приватност во овој тежок период.Наше момче, ти си наш ангел. Секогаш ќе те сакаме – стои на крајот од пораката.
Според британските медиуми, бебето починало по раѓањето.
37-годишниот фудбалер и 28-годишниот модел веќе се родители на четири деца, од кои само ќерката Алана Мартина е нивно заедничко дете. Близначињата Ева и Матео се родени со помош на сурогат-мајка, додека идентитетот на мајката на Кристијано Џуниор никогаш не беше откриен. Во октомври минатата година беше откриено дека очекуваат близнаци. Парот потоа позираше во кревет со слика од ултразвук.
-Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме. Се чувствуваме благословени – напиша Роналдо под фотографијата која собра речиси 33 милиони лајкови.