Магазин
Роналдо ја објави првата фотографија со новородената ќеркичка по смртта на синчето
Кристијано Роналдо (37) и девојката Џорџина Родригез (28) минуваат низ тежок период откако го загубија синот минатата недела.
Фудбалерот ја објави првата семејна фотографија на Инстаграм по големата трагедија.
-Доме сладок доме. Џио и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните убави зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна за нас и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го дочекавме – напиша Кристијано, кој позираше со бебето во неговите раце.
Инаку, Роналдо и Џорџина на почетокот на минатата недела објавија дека го загубиле новородениот син. Двојката веќе има четири деца, од кои едно биолошко, а претходно фудбалерот ги добил децата преку сурогат мајка. Во октомври минатата година беше откриено дека очекуваат близнаци. Парот потоа позираше во кревет со слика од ултразвук.