Магазин
САМО ВО ВИЕНА: Замрзнатиот Дунав ги измами надвор љубителите на лизгањето (видео)
Делови на Дунав, втората по должина река во Европа, која тече низ осум држави, замрзна втор пат во последните 30 години.
Студениот бран, кој го погоди овој континент предизвика многу проблеми за сите кои зависат од речниот сообраќај од Германија до Црното море, но жителите на Виена пронајдоа начин да уживаат во волшебната покривка од мраз.
На замрзнатиот Дунав се лизгаат и играат хокеј на мраз, а во зимските радости уживаат дури и кучињата.
Локалната власт ги предупредија граѓаните дека овие активности би можеле да бидат опасни и дека не е познато колку е дебелината на замрзнатата површина.
На почетокот на година, на минус 17 степени Целзиусови почнаа да замрзнуваат делови реката, кога настанаа неверојатни фотографии во Будимпешта и јужно кон Белград. Ангажирани се голем број кршачи на мраз, затоа што целиот речен сообраќај беше блокиран, а мразот ги загрози бродовите и сплавовите.