Магазин
Сара Мејс – невеста на третиот „The Bridal Fashion Night“ (ФОТО)
Во уникатен фустан на дизајнерката Зиане Бакиу, поп-пејачката Сара Мејс го отвори третиот „The Bridal Fashion Night“, вчеравечер во Македонскиот народен театар , во организација на Моден викенд Скопје.
Убавата пејачка ја нашминка Фросина Ангеловска – Фран а за фризурата се погрижи Дарко Петковски.
Модната ноќ посветена на невестите продолжи со ревиите на косовската модна куќа „Менакон“ зад која стои дизајнерката Надире Зимбери а потоа публиката премиерно ја виде колекцијата „Ретки бисери“ на ателјето за венчаници „Ал Апарел“ како и најновата колекција од „Elizabet design studio“.
За прв пат пред македонската публика се претставија ателјето „Vlora&Kaltrina fashion designers“ од Косово и косовската дизајнерка Теута Матоши – Дурики која го затвори настанот кој се одржува трета година по ред.
За декорацијата на сцената со свежи мимози, се погрижи Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“.
Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина „Beauty Bar“, како и „Аура“ -официјален партнер за шминка на третиот „The Bridal Fashion Night“ . За целосна нега и истакнување на вашата природна убавина , веќе познатите „L’Erbolario“.
Ателјето „ AVA“ е задолжено за дизајнирање на свадбени веселби, свадбени декорации и професионално осветлување. „Moet“ и понатаму останува присутен во сите важни моменти во животот. „Peugeоt“ и овој пат понуди соодветно возило за идните семејства, кое ќе ги задоволи барањата и на најпребирливите клиенти.
„Пелистерка“ традиционално остана официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина а винаријата „Камник“ ексклузивен партнер за сите венчавки.
„Среќни сме што по трет пат им ја разубавивме вечерта на сите идни невести и што успеавме да им го олесниме изборот на „најважниот фустан“ како и изборот на другите детали потребни за организирање на свадбениот ден.“, велат организаторите.