Видео
СЕ БЛИЖАТ ПРАЗНИЦИ: Погледнете ја новата божиќна реклама на Кока Кола (ВИДЕО)
Многумина сметаат дека „божиќниот период“ почнува тогаш кога „Кока Кола“ ќе почне да ја промовира својата реклама за божиќните и новогодишните празиници, а тоа секоја година се случува сѐ порано и порано.
Новата реклама се појави вчера, а на Твитер луѓето веќе почнаа да објавуваат негативни коментари, тврдејќи дека им ја „нарушила божиќната атмосфера“.
Освен по црвениот камион, рекламата беше позната и по намигнувањето на Дедо Мраз на крајот. Но, Дедо Мраз пред неколку години одлучи дека нема да намигнува, што налути многу луѓе ширум целиот светот. Ниту оваа година состојбата не се промени.
„Не е исто ако Дедо Мраз не намигне“, „Ве молам направете Дедо Мраз да намигнува како порано“, „Зошто Дедо Мраз не му намигна на момчето“, ова се само некои од коментарите на Твитер.
Како и да е, празници се ближат! :)