Магазин
Село во карпи во Португалија (ФОТО)
На повеќето луѓе нема да им биде пријатно да живеат под покрив, кој е тежок како просечен брод.
Сепак тоа е сосема вообичаено за жителите на Монсанто во Португалија, кои своите домови ги изградиле на начин да се вклопуваат со околината.
Селото се наоѓа на врв на планина и е сместено меѓу, па дури и под големи карпи.
Џиновските камења имаат улога на под, па дури на покриви на куќите, кои биле изградени уште во 16-от век.
Монсанто во 1938 година е прогласено за „најпортугалско село во Португалија“. И припаѓа на општината Идања а Нова, во близина на границата со Шпанија и главно превозно средство за неговите 800 жители и натаму се магарињата.