Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сердар Акар нов режисер на популарната серија „Балканска Приказна“: Најубавите години ги поминав во Македонија

Магазин

Сердар Акар нов режисер на популарната серија „Балканска Приказна“: Најубавите години ги поминав во Македонија

Сердар Акар, продуцентот и режисер на легендарната „Збогум Румелија“, седна во режисерската фотелја на „Балканска приказна“, ТВ серија којашто се емитува на Турската национална телевизија ТРТ 1, а веќе неколку месеци се снима во Скопје.

Акар со филмовите што до сега ги има снимено и со напишаните сценарија, освои многу награди во Турција и странство. Тој како продуцент и режисер на балканската серија „Збогум Румелија“, заедно со продуцентскиот и актерски тим успеаја да ги срушат рекордите на гледаност. Сердар Акар сега како дел од семејството на серијата „Балканска приказна“ вели дека најубавите години од неговиот живот ги поминал токму овде во Македонија.

– Како прво, не се чувствувам како странец во Македонија. Додека ја снимавме „Збогум Румелија“, раскажувавме за животот на луѓето овде пред сто години. Тие беа тие што требаше да си заминат, се подготвуваа за емигрирање. Денес во „Балканска приказна“ се раскажува за тие што останаа во Македонија… Освен тоа, задоволство е повторно да се биде во ист проект со луѓето со кои порано сме работеле. Уште попријатно е да се сретнеме на Балканот. Затоа што гласот на радоста е силен на овие простори. Најубавите години од животот ги поминав во Македонија. Ќерка ми се вика Балкан, претпоставувам самото тоа покажува колку сум среќен што имам можност повторно да работам овде на Балканот – вели Сердар Акар, режисер на серијата Балканска приказна.

Серијата „Збогум Румелија“ е еден од најзначајните проекти за Акар што влезе во историјата на телевизијата. Тој беше и продуцент и режисер на овој проект. Сега, за Балканска приказна вели дека раскажува сосема различно дејствие за две различни семејства од две различни националности.

– Балканска приказна прикажува дејствија коишто се случуваат денеска во реално време. Скопје е град поделен на два дела. Турците и Албанците од едната страна на Вардар и Македонците од другата страна. Колку и Вардар да го дели градот, сепак тие живеат заедно. Но, сепак тие се различни и знаат како да живеат со нивните разлики и да ги прифаќаат меѓусебно. Нашата серија раскажува приказна за две семејства кои научиле да живеат поинаку – вели Акар за серијата Балканска приказна.

Според новиот режисер на Балканска приказна, Сердар Акар, не е лесно да се снима ТВ серија во Скопје како главен град на државата, но сепак е среќен што наидуваат на големо разбирање од локалното население. Од друга страна пак, актерската екипа го засака Скопје, и како што вели, многумина од нив веќе воспоставиле добри пријателства со луѓето овде.

Откако започна да се снима и прикажува серијата на ТВ екраните во Турција, се зголеми и бројот на турски туристи кои прашуваат за дуќанот на Ќофтеџи Сулејман во Старата скопска чаршија и се сликаат пред него. Токму оваа Балканска приказна е и мотив плус за зајакнување на односите меѓу Македонија и Турција како две пријателски држави и народите од овие две земји.

„Балканска приказна“ е една од најамбициозните продукции за Турција снимена во странство и веќе го привлече вниманието на гледачите со својата приказна, врвни актерски имиња, балканската музика и убавините од Скопје, каде што и се снима серијата. Балканска приказна се прикажува секој втор на Турската национална телевизија, со почеток во 20:00 часот.

Мајсторските имиња Ердал Озјаџилар и Озлем Туркад ги делат главните улоги со Емре Беј и Мерих Озтурк во серијата заедно со актерскиот тим Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Џан Колукиса, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Ерман Шабан, Џенап Самет и Бену Шахин. Сценариото е напишано од Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамид Ишик и Есма Коч. Продуценти се Јалчин Ари и Угур Узунок, а линиски продуцент на серијата е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.