Видео
Серена Вилијамс ги изненади своите машки обожаватели (ВИДЕО)
Серена Вилијамс ги почести своите фанови на Инстаграм со видео на кое игра по градник и проѕирни хулахопки.
Се работи за бренд на долна облека кој американската тенисерка го рекламира.
– Понекогаш сме и премногу сериозни, па забораваме да се забавуваме и знам дека тоа мене ми се случило многупати, но важно е во животот да се имаат хобија кои се само за тебе. Секој ден кога тренирам сум дисциплинирана, но танцувањето ме опушта, напиша Серена под видеото.
Тенисерката која е икона на американскиот спорт, периодов се подготвува за турнирот Австралија Опен, што почнува на 16 јануари.