Магазин
Шест додатоци на водата кои го подобруваат варењето
Водата е најдобар пријател на организмот, но таа може да стане уште поефикасна со додатоци кои го подобруваат нејзиниот ефект и лесно може да се претвори во супер здрав напиток кој ги чисти организмот.
Еве шест предлози кои можете да ги вклучите за да го подобрите како вкусот така и дејството на водата.
1. Свежо цеден сок од лимон или грејпфрут
Лимонот и грејпфрутот се одличен извор на витаминот Ц, кој е важен антиоксиданс и помага во неутрализирањето на слободните радикали во организмот. Тие исто така го прочистуваат организмот и го помагаат варењето. Исцедете половина лимон во едно шише вода.
2. Свежи листови нане
Нането лесно можете да го одледувате во вашиот двор или на балконот, а успева и внатре во станот – доволно и е да биде покрај прозорец и изложено на светлина.
Нането ги активира плунковите жлезди и дигестивните ензими со кои организмот полесно ги апсорбира хранливите материи. Познато е и неговото дејство за смирување на стомачните тегоби.
3. Каранфилче
Каранфилчето успешно се бори против паразити кои може да се најдат во телото. Можете да ставите од три до пет каранфилчиња во вашата вода, и почекајте некое време за да пуштат вкус. Откако ќе ја испиете водата, можете и да го изедете каранфилчето, само внимавајте – може да биде луто.
4. Ѓумбир
Коренот на ѓумбирот со векови се користи како лек од лошо варање, грчеви во стомакот, мачнина и гасови. Тој ја подобрува и циркулацијата, ефикасен е против воспаленија и вируси. Во овој случај можете да земете парче од коренот со големина колку палец и да го исечете на помали парчиња и ставете ги во водата.
Како и кај каранфилчето, можете да го изедете ѓумбирот, но повторно, внимавајте на силниот вкус.
5. Краставица
Краставицата и дава убав, ароматичен вкус на водата, но помага и при отстранување на токсините од дигестивниот систем. Таа е извор на антиоксиданси и влакна и го стимулира производството на инсулин.
6. Цимет
Ова е одличен вкус против вируси и габични инфекции, а помага и при варењето. Циметот е добар за циркулацијата, ги разградува мастите и го регулира нивото на шеќер во крвта. Ставете стапче цимет во водат и оставате го кусо време да отстои за да го добиете посакуваниот вкус.