Магазин
Шон Пен му го остави својот „Оскар“ на Зеленски: „Кога ќе победиш, врати го во Малибу“
Холивудскиот актер и режисер Шон Пен (62), му ја врачи својата статуетка „Оскар“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски (44) за време на посетата на Киев.
„Тоа е само симболична, смешна работа“, рече тој, седејќи до украинскиот лидер. „Кога ќе победите, врати го во Малибу“, рече тој.
Зеленски на Пен, кој снима документарен филм во Украина, и ова е негова трета посета на таа земја од почетокот на војната, му врачи Орден за заслуги за зајакнување на односите, поддршка на територијалниот интегритет на Украина и помагање за популаризација на земјата, изјави претседателот.
– Американскиот актер и режисер Шон Пен дојде во Украина по третпат откако започна војната. Овој пат нашата средба беше посебна. Шон ја донесе својата „Оскар“ статуетка како симбол на вербата во победата на нашата земја. Статуетката ќе биде во Украина до крајот на војната. Со големо задоволство му врачив „Орден за заслуги од III степен“. Ти благодариме за искрената поддршка – напиша Зеленски.
На снимката, која е објавена на официјалните профили на Зеленски, американскиот актер и украинскиот претседател ја гледаат плочката со потписот на Пен, на која е испишан и датумот 24 февруари 2022, денот кога започна руската инвазија. Таа е поставена во Алејата на храброста, која Зеленски ја отвори во Киев, во чест на пријателите на Украина.