Магазин
ШТО ДА ПИЕТЕ ОВАА НОВА ГОДИНА: Уживајте во шампањското, корисно е за вашето здравје
Новата година е на прагот, а тоа во голем број случаи значи и традиционално пиење шампањско.
На задоволство на многумина, науката покажа дека овој газиран алкохолен напиток е пополезен, отколку што претпоставуваме.
Еве неколку причини поради кои треба да наздравиме со шампањско и тоа не само на „најлудата ноќ“:
1. Ja подобрува сеопфатната умствена моќ
Истражувањата покажаа дека сеопфатната меморија може да се подобри по консумација на шампањско. Тоа е онаа способност да забележуваме колку што е можно повеќе детали од она што не опкружува, но и да извршуваме посложени задачи.
2. Содржи помалку калории од виното
Шампањското содржи помалку калории отколку црвеното и белото вино. Ако на пример во една обична чаша „шампањ“ има само 80 калории, кај виното тој број изнесува околу 120.
3. Корисно е за срцето
Малку познат факт е дека шампањското е полезно за нашето срце, како и виното. Тоа е така затоа што се прави од грозје, кое содржи ресвератрол. Тоа е доста важен антиоксидант, кој ги штити крвните садови и го намалува штетниот холестерол.
Во шампањското има и полифенолни антиоксиданти, кои исто така му користат на срцето.
4. Ги развива умствените способности
Според една теорија, ако во времетраење од три години, човекот редовно пие шампањско (без претерување), тоа може да ги зголеми протеините во мозокот кои служат за помнење за 200 отсто. Но, освен тоа, помага и во други когнитивни функции.
5. Ја разубавува кожата
Во шампањското има антиоксиданти, но и винска киселина, па доколку, на пример, си го измиете лицето со овој „еликсир“, ќе добиете поубава кожа и поизедначен тен.
Уживајте во овој благороден пијалак, но запомнете – се си има своја граница и мерка.