Занимливости
СИН ПОНЕДЕЛНИК: Денеска е најдепресивниот ден во годината
Луѓето гледаат на јануари на два начина: За оптимистите, тоа е нов почеток, а за оние другите – тоа е месец исполнет со непријатности и тоа најмногу поради денешниот датум – 16 јануари, кој се смета за најдепресивен ден во годината.
Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал.
Причините за депресијата се целосно објективни. Досега сите сме си ги прекршиле нашите новогодишни ветувања за промени. Телото ни е изморено од декемвриско-јануарските гозби, а паричниците ни е страв и да ги отвориме.
Освен тоа, утрата се многу мрачни, а сонцето кое и онака излегува подоцна, потоа тешко се пробива низ облаците, поради што имаме недостиг од витамин Д.
Тоа што денеска е понеделник не внесува никаква посебна ведрина и надеж.