Занимливости
Сини јајца обоени со боровинки
Еве уште една техника за природно боење на јајца …
Потребно е:
1-2 јајца
5 лажици свежи и замрзнати боровинки
1 лажица џем од боровинки (не мора)
Подготовка:
– Боровинките и џемот ставете ги во ѓезве и додадете малку вода.
– Убаво изгмечете ги и ставете го јајцето. Прелијте го со ладна вода да го покрие целото.
– Оставете го на собна температура околу 15 минути, а потоа ставете го ѓезвето на рингла на средна температура и загревајте ја течноста до вриење. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата и оставете да се вари јајцето уште 5 минути.
– Ѓезвето тргнете го од рингла, покријте го со чинија и оставете го најмалку 30 минути да стои.
– Извадете го јајцето и нежно избришете го со салфетка. оставете го да се излади.
– Премачкајте го со масло за да биде сјајно.
– Истата постапка повторете ја и со второто јајце.