Магазин
Синот на Одри Хепберн за фустанот на Иванка Трамп: „Очигледно е дека мајка ми ја инспирирала“
Фустанот на Иванка Трамп на инаугурацијата на нејзиниот татко го привлече вниманието на светските медиуми. Се зборуваше дека е инспирирана од стилот на холивудската дива Одри Хепберн, чиј син Шон Хепберн Ферер сега проговори и ја коментираше ситуацијата.
„Не е ни чудо што, растејќи во семејство во кое мајка ми беше многу позната, реши да црпи инспирација од неа. Таа ја бараше врвната елеганција и софистицираност за ваква пригода – инаугурацијата, 32-годишнината од смртта на мајка ми и што е најважно, Денот на Мартин Лутер Кинг. Каков коктел!“, изјави Шон за Дејли Мејл.