Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СКАНДАЛ ИЛИ СРЕЌА: Семејство од Скопје собра десетина награди на Стобиранка

Занимливости

СКАНДАЛ ИЛИ СРЕЌА: Семејство од Скопје собра десетина награди на Стобиранка

За некои скандалозно, за други чиста среќа – семејство од Скопје успеа да земе десетина награди на првото извлекување во наградната игра „Стобиранка“ на компанијата Витаминка.

И додека социјалните мрежи се преплавени со коментари за, според нив, наместеното доделување на наградите, компанијата Витаминка, преку порталот Фактор.мк, ги демантира обвинувањата:

– „Витаминка како сериозна компанија ги зеде предвид сите коментари на Фејсбук кои се однесуваат на наградната игра Стобиранка. Направена е дополнителна проверка на сите добитници и сакаме да ве информираме дека нема ниту една нерегуларност ниту пак злоупотреба на механизмите на наградната игра“.

Фамилијата Талевски, која се појавува како добитник на повеќе од 10 награди, вели дека среќата ги прати упорните. Тие велат дека успеале да пратат повеќе од 640 пликоа, што значи дека ако сите пликоа ги исполнувале условите за наградната игра, Талевски испратиле повеќе од 3.200 празни ќесички од производи на компанијата Витаминка.

14731242_10154022192968857_3815312197987566373_n

За регуларноста на првото извлекување на кое се доделија 177 награди се погрижи шестчлена комисија, а снимката може да се погледне и на јутјуб каналот на Витаминка.

Во продолжение погледнете дел од пишувањата низ социјалните мрежи:

https://twitter.com/WillWallaceJR/status/790944997088583680

https://twitter.com/ortographia/status/791331781366714370

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.