Занимливости
СЛАБЕЕЊЕ ПОСЛЕ ПРАЗНИЦИТЕ: Од што би се откажале за килограм помалку?
По новогодишните и божиќните празници, многу луѓе бијат битки со зголемената тежина.
Поттикнат од ова, лондонскиот весник „Дејли Експрес“ спроведе анкета за тоа од што би се откажале гурманите заради брзо слабеење и добивање витка линија.
Според акетата, голем дел од граѓаните во Велика Британија за таа цел се подготвени да се откажат од социјалните мрежи на една година.
Изненадувачки, резултатите покажуваат и дека голем дел од луѓето би апстинирале од секс, алкохол, па дури и би „се откажале од мајка си“, за да имаат подобра физичка форма, но не и од чоколадите и колачите.
На прашањето – што би направил за веднаш да ослабне, еден од 20 испитаници одговорил дека е подготвен да ги прекине односите со својата мајка. Десет отсто без размислување би се откажале од секс, а три отсто – од алкохол.
Британците на возраст меѓу 25 и 34 години би платиле стотици фунти, доколку би можеле за миг да се ослободат од килограмите.