Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СОЦИЈАЛЕН ЕКСПЕРИМЕНТ: Погледнете колку е лесно да излажете тинејџер на Фејсбук

Видео

СОЦИЈАЛЕН ЕКСПЕРИМЕНТ: Погледнете колку е лесно да излажете тинејџер на Фејсбук

Со цел да ја предупреди јавноста за опасностите кои им се закануваат на децата, кои користат Фејсбук познатиот јутјубер Коби Персин одлучи да спроведе социјален експеримент.

Тој оваа идеја ја добил по настанот од пред еден месец, кога таткото својата ќерка ја спасил од сексуално злоупотребување.

Коби во договор со родителите на Фејсбук комуницирал со три малолетни девојчиња. Тој отворил лажен профил и по само неколку дена успеал да ги натера да се сретнат. Иако се укажувало на опасност, девојчињата се согласиле на состанок, а една од нив дури и влегла во непознато комбе.

За среќа ова бил само експеримент, а таму ги дочекале нивните родители, кои им објасниле што се можело да им се случи.

Психологот др Барбара Гринберг предупреди дека случаите во кои тинејџери разговараат со странци и се наоѓаат со нив има многу повеќе отколку што родителите сметаат.

– Не станува збор за тоа дека тинејџерите не се грижат за ризиците. Она што се случува со тинејџерките е дека сметаат дека користа е многу поголема од ризикот. Возбудливо е да се добие внимание од маж и тие повеќе размислуваат за тоа, отколку за опасностите, додава Гринберг.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.