Занимливости
Софија Вергара објави прва фотографија со сопругот по неговите здравствени проблеми
Убави, насмеани и среќни, двојката потврди дека здравствената состојба на актерот се подобрува.
Да потсетиме, Џо кон средината на април заврши во болница поради воспаление на слепото црево, поради што мораше да ги откаже снимањета на серијата „Six“.
Двојката уживаше во шампањско и разни солени закусни, па се чини дека Џо навистина е подобро.
– Џо е одлично. Тој имаше мали проблеми, но сега е се во ред, кратко кометираше Софија за здравствената состојба на нејзиниот четири години помлад сопруг, додека во родната Колумбија снима реклама за една марка пиво.
Се шпекулира дека здравствени проблеми на актерот се поврзани со алкохолот, со оглед на тоа, дека не е тајна оти тој 13 години се бореше со таа зависност.