Занимливости
Сол со мирис на шунка ги „збудале“ кучињата во Сежана
Кучињата во словенечкиот град Сежана, што се наоѓа на границата со Италија, најмногу му се израдуваа на топењето на снегот, откако под него остана смесата за посолување на шунка, која била искористена за заштита од замрзнување на патиштата, јави весникот „Приморске новице”.
Имено, фирмата одговорна за расчистување на улиците во градот ги попрскала тротоарите и коловозите со застарена сол од локалната фабрика за преработка на месо. Кога снегот почнал да се топи, во воздухот се повеќе се чувствувала аромата на шунка.
Гратчето Сежана е познато по прочуената шунка што се произведува таму.