Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СОН НА СЕКОЕ ДЕТЕ: Музеј на сладоледот во Њујорк (ВИДЕО)

Магазин

СОН НА СЕКОЕ ДЕТЕ: Музеј на сладоледот во Њујорк (ВИДЕО)

Балони што се јадат, чоколадна сала, базен со разнобојни украси за јадење и декорации на колачи е понудата што на посетителите ќе има ја пониди Музејот на сладоледот во Њујорк, чие свечено отворање е закажано за денеска.

Музејот на сладоледот е долгогодишна фантазија на 24-годишниот основач Мерили Бан.

Турнејата низ музејот почнува со бесплатен сладолед, а продолжува со посета на собите исполнети со балони со хелиум што се јадат и го трансформираат гласот на посетителите.

Најголема атракција е големиот базен со 11.000 фунти вредни разнобојни јадења и декорации за колачи. Крај базенот стои натпис: „Замислете си желба и нурнете на сопствен ризик. Предупредување: Може да предизвика спонтана среќа“.

Во музејот се наоѓа и чоколадна сала, која е скриена со сатенската кафена завеса и каде се слуша музичкиот ремикс „Pure Imagination“. Во салата има фонтана со чоколадо, зрна какао по подот и големо чоколадно видео.

Посетата завршува на игралиште каде има лулашка во форма на сладолед, како и сладолед-сендвич нишалка за двајца, а посетителите можат да откријат кој вкус сладолед ним најмногу им одговара, благодарејќи на специјална апликација.

Музејот ќе работи само до 31 авуст во периодот од 11 до 15 часот, а билетот чини 18 долари за едно и 30 долари за две лица.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.