„Соништата навистина се остваруваат“: Гвен и Блејк објавија фотографии од својата венчавка
На интимна церемонија на ранч во Оклахома, на 3 јули познатата музичка двојка Гвен Стефани и Блејк Шелтон го изговорија судбоноснотo „Да“ .
Гвен Стефани објави галерија од свадбени фотографии на Инстаграм со наслов „Соништата навистина се остваруваат!“.
51-годишната пејачка одбра да носи венчаница во две варијанти, креација на дизајнерката Вера Ванг, која ја искомбинира со бели чизми.
На интимната прослава присуствувале околу 40 гости, а водителот на „The Voice“, Карсон Дејли служел како водач на церемонијата пренесува „Today“.
На велот биле рачно извезани имињата на Гвен и Блејк заедно со имињата на нејзините деца – Кингстон, Зума и Аполо.