Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Соработка на „Валентино“ и УНИЦЕФ за поттикнување на вакцинацијата против Ковид-19

Магазин

Соработка на „Валентино“ и УНИЦЕФ за поттикнување на вакцинацијата против Ковид-19

Соработка на „Валентино“ и УНИЦЕФ за поттикнување на вакцинацијата против Ковид-19

Луксузниот моден бренд „Валентино“ и глобалната програма на УНИЦЕФ КОВАКС соработуваат за да ја промовираат иницијативата за вакцинација против ковид-19.

Идејата потекна од социјалните мрежи, а меѓу првите поддржувачи на оваа иницијатива беа дизајнерот Пјерпаоло Пичиоли, стилистката Зерина Акерс, Емануела Фарнети, поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, пејачката Лејди Гага и други.

Креативниот директор на „Валентино“, Пјерпаоло Пичиоли создаде нова лимитирана линија на дуксери со добропознатото лого „V“ но потпишани со фразата „Vaccinated“ – „Вакциниран“.

-Вакцинирањето е еден од најефективните начини да се избориме со оваа глобална пандемија, како и симбол за почит кон другите и социјалната обврска. Човек не може да се крие зад концептот на слобода со тоа што ќе се одлучи да не се вакцинира. – велат од „Валентино“.

Како заедничка соработка, дуксерот е достапен за продажба на сајтот на „Валентино“ по цена од 690 долари, а средствата ќе бидат донирани во програмата КОВАКС.

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.