Занимливости
Соседите секоја ноќ го буделе со својата страсна „врева“, па тој решил да им се обрати
Еден корисник на Редит објави дека соседите со недели го будат ноќе со страстното и гласно водење љубов и дека од тоа не може мирно да спие, па затоа решил да им се обрати со писмо преку оваа социјална мрежа.
Во писмото, кое стана хит на интернет, тој уште на почетокот културно им се извинува на соседите, нагласувајќи дека му е доста непријатно.
– Би било навистина супер ако само ги затегнете навртките на креветот. За жал, кога Вашиот кревет е „во погон“ многу е гласно и чкрипењето и удирањето во ѕидот. Ако не Ви е проблем, обидете се да го поправите, би Ви бил многу благодарен. Ви благодарам и, уште еднаш – ова е непријатно, но морав да Ви пишам, се вели во писмото.