Занимливости
„Спасителот на светот“ на Да Винчи заврши во Абу Даби
Аукциската куќа „Кристис“ соопшти дека на Министерството за култура и туризам на Абу Даби му ја предала сликата „Спасителот на светот“ од Леонардо да Винчи, која минатиот месец на наддавање беше продадена за рекордни 380 милиони долари.
– Кристис може да потврди дека Министерството за култура и туризам на Абу Даби го доби „Спасителот на светот“ од Леонардо да Винчи. Воодушевени сме што оваа извонредна слика ќе и биде достапна на јавноста во Абу Даби, се наведува во соопштението.
Сликата е висока 66 сантиметри и се претпоставува дека е изработена околу 1500-та година. На неа е прикажан Исус Христос облечен во ренесансен стил, при што со десната рака благословува, а во левата држи кристална топка.
Пред „Спасителот на светот“ рекордната сума платена за една слика беше 152 милиони долари за делото „Жени од Алжир“ на Пабло Покасо, која беше продадена на аукција на „Кристис“ во мај 2015 година.