Занимливости
Специјална понуда за вљубените на хотел во Париз
Хотелот „Мандарин Ориентал“’ во Париз во соработка со модниот дизајнер Кристијан Лубутин, нуди посебен пакет „за безнадежните романтичари“.
Имено, по повод претстојниот „месец на љубовта“, хотелот нуди пакет „Париски Валентајн“ што вклучува маникир во собата, облекување во бутикот „Кристијан Лубутин Парис Бјути“, како и подарок од три Лубутин производ – маскара, лак за нокти и масло за усни.
За време на маникирот, гостите ќе може да уживаат во шампањското „Луј Редерер“ и во неколку видови чоколада.
Сето тоа чини 1.245 евра за една ноќ. Понудата важи во текот на цел февруари.