Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Спектакл на небото по 36 години

Ви препорачуваме

Спектакл на небото по 36 години

Редок астромомски настан – „супер сина крвава Месечина“ ќе може да се види в среда, по 36 години.

На 31 јануари ќе се спојат три необични лунарни појави: супермесечина, сина Месечина и целосно затемнување на Месечината. Но, тоа нема да може да се види од Европа, туку само од Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија.

– Тоа е редок астрономски триплет, изјави Кели Бити, уредник на списанието „Скај енд телескоп“ (Sky and Telescope).

Феноменот се јавува на секои две години и осум месеци. Супермесечина се појавува кога Месечината е најблиски до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 проценти посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но 36 години немало во комбинација со затемнување на Месечината.

За време на затемнувањето Месечината ќе биде во сенка на Земјата, а белиот диск постепено ќе добива портокалова или црвена боја. Така „сината“ Месечина ќе стане „крвава“.

Порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западниот дел на САД ии Канада ќе биде видливо пред зора, а на Блискиот Исток, во источна Русија, во Австралија и на Нов Зеланд навечер.

За разлика од затемувањето на Сонцето, Месечината може да се набљудува со голо око.

Астрономскиот триплет последен пат се случи на 30 декември 1982 година и тогаш можеше да се види во Европа, во Африка и во западна Азија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.